Кошмарно полувреме за Франција - прими четири гола од Англија! (ВИДЕО)

Фудбалерите на Франција одиграа полувреме за заборав, затоа што беа тотално надиграни од Англија која на паузата има предност од 4-0.

Англија до водство стигна во третата минута, кога Деклан Рајс со прекрасен удар го матира голманот Мајк Мењон.

„Гордиот Албион“ набрзо стрелаше и втор пат, откако Езри Конса со удар со глава ја затресе мрежата на Франција, а потоа следеше уште еден удар на Англичаните, и тоа преку Букајо Сака.

Французите делуваа изгубено на теренот, а тоа знаеше да го казни Англија која во судиското надополнување погоди за 4-0 преку Сака.

Фото: England football team