Нов почеток за младиот фудбалер: Синот на Златан Ибрахимовиќ има нов клуб

Максимилијан Ибрахимовиќ, синот на легендарниот шведски напаѓач Златан Ибрахимовиќ, официјално го напушти Милан и направи нов трансфер во кариерата.

Младиот фудбалер ја продолжува кариерата во Холандија, каде што потпиша за АЗ Алкмар. За 19-годишниот играч ова ќе биде ново поглавје и можност да се докаже на фудбалскиот терен.

Максимилијан претходно беше дел од академијата на Милан, а играше и на позајмица во резервниот тим на Ајакс минатата сезона.