Челси подготвува „чистка“: Алонсо им ја „отвори вратата“ на пет ѕвезди

Британски „Сан“ пишува дека тренерот на Челси, Чаби Алонсо донел одлука да се ослободи од петмина фудбалери кои следната сезона не се во плановите на премиерлигашот.

На листата за „отстрел“ се наоѓаат голманот Филип Јоргенсен, дефанзивците Аксел Дисаси и Беноа Бадијашил, како и Алехандро Гарначо и Лијам Делап.

Овие фудбалери минатата сезона беа жестоко критикувани и од навивачите на лондонскиот гигант, откако не покажаа ништо посебно на теренот, иако беа скапо платени од Челси.

Фото: Chelsea Football Club