Уште едно големо засилување за Шкендија - потпиша Јован Манев!
Брзо по ангажманот на Марко Ѓорѓиевски, Шкендија промовираше уште едно големо засилување, станува збор за дефанзивецот Јован Манев кој во Тетово доаѓа од Ријека.
Манев стави потпис на договор со Шкендија до јуни 2028 година.
25-годишниот фудбалер созреа во Брегалница Штип, од каде замина во Адана Демирспор, па играше на позајмица во Осјек пред да се пресели во Ријека. Минатата сезона играше на позајмица во Нови Пазар.