Роналдо брутално искрен кон Кристијано: Добар е, но не за на Мундијал
Сега кон критиките се приклучи и Бразилецот Роналдо кој смета дека Португалецот едноставно веќе не е на нивото кое е потребно за еден Мундијал.
„Генерално, телото само ви кажува кога повеќе не може. Борбата против сопственото тело е многу тешка. Можеби Кристијано сè уште има квалитет да игра во Саудиска Арабија, но кога станува збор за Светско првенство, се гледа колку нивото е многу повисоко“, изјави Роналдо Назарио.
Тој додаде дека ниту еден фудбалер не може да избега од природниот тек на кариерата.
„Колку и да го сакаме фудбалот и да сакаме да играме засекогаш, на крајот телото ја носи конечната одлука. Денес повеќе не играм, бидејќи мојата глава сè уште сака, но телото веќе не може да го следи тоа“, порача двократниот светски шампион.
Кристијано Роналдо на Светското првенство постигна три гола на пет натпревари.