Како настана фотографијата на Меси и бебето Јамал - фотографот среде ноќ дознал кој е на сликата!

Фотографијата на која младиот Меси го капе бебето Ламин Јамал стана една од најпознатите фудбалски фотографии во последните години, а сега повторно се најде е во центарот на вниманието поради финалето на Мундијалот меѓу Аргентина и Шпанија.

Авторот на фотографијата, Жоан Монфорт, откри како настанала и призна дека во тој момент не можел ниту да претпостави каква симболика ќе добие речиси две децении подоцна.

Фотографијата е направена во 2007 година како дел од хуманитарна акција организирана од „Диарио Спорт“ и УНИЦЕФ. Фудбалерите на Барселона тогаш позирале со деца и нивните семејства за добротворен календар. Сосема случајно, Лионел Меси бил избран токму со семејството на тогаш неколкумесечниот Ламин Јамал.

Речиси 20 години подоцна, фотографијата повторно стана вирална откако таткото на Јамал ја објави на Инстаграм со опис: „Почетокот на две легенди“.

Монфорт откри дека долго време не знаел кое е бебето на фотографијата, сè додека еден ден не добил повик од колега.

„Колега од спортски весник ме повика на полноќ и ме праша: ‘Дали оваа фотографија е твоја?’ Му одговорив дека е. Се подготвував за спиење. Го прашав кое е бебето, а тој ми кажа дека тоа е Ламин Јамал. Извикав: ‘Што?!’ Следниот ден работите тргнаа во целосно неочекуван правец“, раскажа Монфорт.

Тој се присети и на самиот момент на фотографирањето:

„Беше тешко. Меси е многу повлечен и срамежлив човек. Имаше само 20 години. Влезе во соблекувалната и виде пластична када полна со вода, а внатре беше бебе. Ситуацијата беше незгодна. На почетокот воопшто не знаеше како да го држи бебето Ѕвездите се поклопија кога Ламин и Меси се сретнаа. Не тогашниот млад Меси, туку денешниот Меси и Јамал, кој изгледа како да е предодреден да стане голема ѕвезда. Тоа е игра на судбината во која случајноста има огромна улога. Исто како и самата фотографија“.

Кога фотографијата била направена, Меси допрва ја градеше својата кариера во Барселона. Денес е еден од најголемите фудбалери во историјата, додека Јамал, со само 17 години, важи за еден од најголемите таленти во светскиот фудбал, а двајцата ќе ги одмерат силите во неделното финале на Мундијалот од 21:00 часот.