Невиден хаос на меч од квалификациите за Конференциската лига! (ВИДЕО)

Во завршните моменти од мечот меѓу Хамрун од Малта и НСИ од Фарските Острови се случи една судиска одлука која стана вирална на социјалните мрежи.

Фудбалерите на Хамрун беа убедени дека топката е излезена во гол аут, така и беше. Еден од играчите на овој тим ја фати со рака за да изведе гол аут, но судијата свирна пенал поради играње со рака.

Тој не виде дека топката ја мина линијата и поверува на гестикулацијата на противниците, свирна пенал кој беше кобен за Хамрун.

Тимот од Малта загуби со 1-2 и на крајот со вкупни 2-3 беше елиминирана од натпреварувањето.