Вардар ќе игра со Рига во некарактеристичен термин за Лигата на конференции!
„Црвено-црните“ на 22 јули (среда) од 20 часот ќе го пречека шампионот на Летонија во Скопје во првиот натпревар од квалификациите, иако вообичаено четврток се смета за ден за натпреварите од Конференциската лига.
Новиот предизвик за скопскиот гигант доаѓа три дена подоцна, кога на домашен терен против Брегалница од 17 часот ќе го отвори домашното првенство.
Реваншот меѓу Вардар и Рига се игра во Летонија на 28 јули, односно вторник од 20 часот.