Скандал по пласманот во финале: ФИФА отвори истрага против Аргентина

Фудбалската репрезентација на Аргентина избори пласман во финале на Светското првенство (СП) по големиот пресврт против Англија (2-1) во Атланта, но по натпреварот беше отворена дисциплинска постапка од Светската фудбалска федерација (ФИФА).

Додека целиот свет се подготвува за финалето, ФИФА отвори истрага против Аргентинците поради случувањата на теренот, односно транспарентот со политичка порака кој го истакнаа фудбалерите.

Аргентинските фудбалери држеа транспарент на теренот на стадионот во Атланта со пораката „Las Malvinas son Argentinas“ (Малвините (Фолкландските острови) се аргентински), па поради тоа би можеле да добијат парична казна.

Фото: Selección Argentina in English