Фудбалскиот сојуз на Англија донесе одлука за иднината на Тухел!

Англија синоќа доживеа пораз од Аргентина и елиминација од Светското првенство, а начинот на кој загубија Англичаните предизвика лавина критики на сметка на Томас Тухел.

Англија поведе во 55. минута од натпреварот, иако имаше  уште многу до крајот, Томас Тухел реши комплетно да се повелече и да се брани со сите сили.

Англичаните играа лоша дефанзива, Аргентинците создаваа многу шанси, искористија две од нив и победија со 2-1.

Во Англија ја бараат „галвата“ на Тухел, но Англиската фудбалска асоцијација нема намера да му даде отказ.

Одлуката е Тухел да продолжи според договорот кој му е со трајност до 2028 година. Тоа значи дека Германецот ќе биде селектор на Англија и на Европското првенство.