Трето финале во низа на Мундијалот ист клуб ќе има најмногу фудбалери

Атлетико Мадрид не успеа да освои трофеј во минатата сезона, откако загуби во финалето на Копа дел Реј, а потоа беше елиминиран во полуфиналето од Лигата на шампионите. Сепак, фудбалерите на „јорганџиите“ на актуелното Светско првенство имаат значајна улога и ќе бидат најбројни во големото финале меѓу Аргентина и Шпанија.

Дури девет играчи на мадридскиот клуб ќе бидат дел од составите за неделното финале (21:00 часот). Во редовите на актуелниот светски шампион Аргентина се голманот Хуан Мусо, Џулијано Симеоне, Науел Молина, Тијаго Алмада и најдобриот играч на Атлетико, Хулијан Алварез.

Од другата страна, во тимот на селекторот Луис де ла Фуенте се четворица членови на мадридските „црвено-бели“: Маркос Љоренте, Марк Пубил, Алекс Баена и новото засилување на Атлетико, Алехандро Грималдо.

Најинтересниот податок во оваа приказна е дека Атлетико Мадрид по третпат во низа ќе биде клубот со најмногу свои фудбалери во финалето на Светското првенство. Истото се случи и на претходните два Мундијали во Катар 2022 и Русија 2018 година.