ФФМ не ја исполни желбата на Вардар – шампионот ќе почне како што беше планирано!

Фудбалската федерација на Македонија денеска потврди дека не го прифаќа барањето на Вардар за одложување на првиот натпревар во новата сезона.

Вардар поради настапите во европските квалификации побарал одложување на натпреварот од првото коло против Брегалница, сепак во ФФМ тоа барање го одбија истакнувајќи дека календарот и распоредот е веќе утврден.

Исто така од федерацијата нагласија и дека претходно биле земени во предвид настапите на екипите во Европа.

„ФФМ потсетува дека и во претходната сезона, поради истите причини и почитување на принципот на еднаков третман, не беа прифатени барањата за одложување на натпревари од клуб кој настапуваше во натпреварувањата на УЕФА“, стои дополнително во соопштението на федерацијата.

Така Вардар ќе ја почне на 25 јули на свој терен против Брегалница.