Ќе има ли казна за Аргентинците? Британската влада бара реакција
Аргентина во Атланта ја совлада Англија со 2-1 и се пласираше во финалето на Мундијалот, а по натпреварот фудбалерите истакнаа транспарент кој им беше предаден од навивачите од трибините. На него беше испишано „Las Malvinas son Argentinas“, односно „Малвините се аргентински“.
Британскиот министер за бизнис и трговија, Питер Кајл, го оцени овој потег како несоодветен и порача дека очекува темелна истрага.
„Политиката мора да биде одвоена од фудбалот“, изјави Кајл за „Би-Би-Си“, додавајќи дека ова прашање сега е во рацете на ФИФА.
Спорот за овој јужноатлантски архипелаг трае со децении, а војната од 1982 година, која започна по инвазијата на тогашната аргентинска воена диктатура, траеше десет недели и заврши со победа на Велика Британија.
Во конфликтот загинаа 649 аргентински војници, 255 британски припадници на вооружените сили и тројца жители на островите.
Според дисциплинскиот правилник на ФИФА, играчите и националните федерации можат да бидат казнети за пораки кои не се соодветни за спортски настани, вклучувајќи политички, идеолошки, верски или навредливи содржини.
Казните за политички пораки можат да изнесуваат од 5.000 до 20.000 долари, а во претходни случаи ФИФА изрекувала и суспензии.
"Histórico"
— Tendencias en Argentina (@porqueTTarg) July 15, 2026
Porque así fue el momento en el que Lo Celso colgó la bandera de Malvinas. pic.twitter.com/g8VoAZukXv