Вака не се победува: Овие бројки најдобро покажуваат каде погреши Тухел
Томас Тухел веднаш по дадениот гол на Гордон во 55. минута одлучи комплетно да ја повлече репрезентацијата и да се посвети на само на чувањето предност, таквата игра Аргентина ја казни со два гола и пресврт за место во финалето.
Како играше Англија по постигнатиот гол најдобро покажува и податокот дека репрезентативците на „Гордиот Албион“ по постигнатиот гол до 92. минута и погодокот на Лаутаро за целосен пресврт имале само 12% посед на топка.
England completed 25 passes in 30 minutes.
— Robin Bairner (@RBairner) July 15, 2026
Of the 39 attempted, 12 were by Pickford. https://t.co/uhJEWxb9F4
Исто така во последните 25 минути, избраниците на Тухел комплетирале само 25 успешни додавања од вкупно 39 обиди, а дури 12 од биле од голманот Пикфорд.
Токму и затоа најголемиот дел од критиките за поразот на Островот одаде за германскиот селектор кој како што стојат работите ќе остане кормилото на Англичаните.
Англија сега ја чека само утешниот натпревар за трето место против Франција в сабота, додека Аргентина во големото финале против Шпанија ќе ја брани титулата освоена во Катар.