Историја на СП: Шпанија и Аргентина ќе играат финале какво што никогаш немало!         

Во финалето на Светското првенство (СП) ќе се соочат Шпанија и Аргентина, две селекции кои ќе играат натпревар каков што досега не се памети на Мундијалите.

Ова ќе биде прво финале во историјата на Мундијалите меѓу актуелниот европски шампион и освојувач на Копа Америка.

Шпанија пристигна на турнирот како освојувач на Европското првенство во 2024 година, додека Аргентина го крена пехарот на Копа Америка истата година.

„Црвената фурија“ до финалето стигна со победата над Франција од 2-0 во полуфиналето, додека Аргентина ја совлада Англија со 2-1.

 Фото: AFA - Selección Argentina