Потврди и Романо: Франција добива нов селектор - легенда ќе го наследи Дешан!
„Триколорите“ со синоќешниот пораз во Далас останаа без можност да играат во третотот по ред светско финале, со што воедно беше ставен крај и на една од најуспешните селекторски епохи во историјата на францускиот фудбал. Дешан ќе ја напушти клупата по 14 години, откако летово му истекува договорот со Француската фудбалска федерација.
Негов наследник ќе биде легендарниот Зинедин Зидан, кој е без тренерски ангажман од 2021 година, кога по вторпат го напушти Реал Мадрид. Тој во изминатите години беше поврзуван со бројни европски гиганти и национални селекции, но постојано ги одбиваше понудите, чекајќи ја можноста да стане селектор на својата земја.
Дека Франција е следната дестинација на Зидан потврдија повеќе француски медиуми, а информацијата ја објави и познатиот фудбалски инсајдер Фабрицио Романо.