Аргентинците веќе ја окупираа Атланта, па почнаа и да се тепаат - помеѓу себе (ВИДЕО)

Американскиот град Атланта е целосно обоена во боите на „гаучосите“ пред вечерашното полуфинале на СП 2026 меѓу Аргентина и Англија (21 часот), но големата фудбалска еуфорија донесе и несакани сцени.

Иако многумина очекуваа инциденти меѓу навивачите поради големото ривалство меѓу двете земји, хаосот го предизвикаа само аргентинските фанови. На улиците на Атланта избувна тепачка меѓу две навивачки групи – приврзаниците на Сан Лоренцо и Хуракан, чие ривалство е едно од најжестоките во аргентинскиот фудбал.

Претходно, илјадници аргентински навивачи се собраа во центарот на градот, пееја, славеа и создадоа фантастична атмосфера во пресрет на дуелот со Англија. Но, добрата атмосфера не траеше долго, бидејќи конфликтот меѓу двете навивачки групи прерасна во физичка пресметка. Снимките од инцидентот експресно се проширија на социјалните мрежи и повторно го свртеа вниманието кон проблемот со навивачкото насилство.

Аргентина и Англија вечерва ќе се борат за место во големото финале на Мундијалот, каде што победникот ќе ги одмери силите со Шпанија, која синоќа ја совлада Франција (2-0).