Јамал си кажа со кого сака да игра во финалето – и никој не е изненаден

Шпанија се пласираше во финалето на Светското првенство, а Ламин Јамал јасно стави до знаење кој сака да биде победник на дуелот меѓу Аргентина и Англија.

Не е големо изненадување тоа што младата суперѕвезда на Барселона посака да игра со својот идол од детството.

„Соочувањето со Лео Меси во финалето на Светското првенство би било фантастично. Се надевам дека ќе се случи тоа“, рече Јамал.

За да се случи тоа, актуелниот шампион Аргентина мора да ја победи Англија вечерва на стадионот во Атланта. Лионел Меси игра фантастично на овој Мундијал и има осум гола во шест натпревари пред полуфиналето.

Меси никогаш не играл против Јамал на официјален натпревар и тоа е лајт мотивот на оваа приказна бидејќи евентуалниот пласман во неделното финале ќе биде негов последен меч на мундијалите, а прв меч за титула за актуелниот фудбалерот на Барселона. Тинејџерот од Каталонија не беше баш во својата најдобра форма за време на Светското првенство, за што причина е и повредата пред почетокот на Мундијалот, но ако му се исполни желбата ќе ужива во можноста да се бори со својот идол во најголемата претстава во светскиот фудбал.