Пролет се откажа од Суперлигата, ама - нема да згасне!
Во соопштението се наведува дека одлуката е донесена по детална анализа и со цел да се зачува финансиската стабилност на клубот. Од Пролет потенцираат дека не сакале да преземаат обврски кои не би можеле навремено и целосно да ги исполнат, оценувајќи дека тоа е најодговорниот потег во актуелните околности.
И покрај повлекувањето од Суперлигата, во клубот истакнуваат дека нема да отстапат од својата основна мисија – развојот на младите ракометари и продолжување на традицијата што ја градат веќе 64 години. Пролет ќе се натпреварува во Првата лига, а во наредниот период главен приоритет ќе биде обезбедување нов генерален спонзор, со чија поддршка клубот би се вратил во друштвото на најдобрите.
Целото соопштение прочитајте го ТУКА.