Одлични вести за Македонија: Проекциите ја сместуваат во третиот шешир за ЕУРО 2028

Македонската фудбалска репрезентација според најновите проекции за квалификациите за Европското првенство (ЕП) во моментов се наоѓа во третиот шешир и има поголеми шанси за поволна ждрепка, објави „Football Meets Data“, која се занимава со фудбалска анализа, статистика и симулации на натпревари.

Распределбата на шеширите ќе биде одредена според пласманот во Лигата на нации, која се игра оваа година, па затоа претстојните натпревари во септември и октомври ќе имаат огромно значење за конечниот ранкинг на репрезентациите.

Македонија се наоѓа во групата Б1 од Лигата на нации, каде што ќе се соочи против Словенија, Шкотска и Швајцарија, а токму резултатите од тие натпревари ќе бидат клучни за позицијата на нашиот национален тим пред ждрепката за квалификациите.

Доколку македонската фудбалска репрезентација оствари добри резултати и има успешна кампања, тогаш би можела да направи дополнителен исчекор и да се најде повисоко за уште подобра позиција во ждрепката, додека слаб настап и лоши резултати би можеле да значат и пад во четвртиот шешир за ЕУРО 2028.

Според актуелните проекции на популарната платформа за аналитика, Македонија е позиционирана во третиот шешир, меѓутоа многу работи ќе зависат од настапите и резултатите во Лигата на нации.

Распоред на натпревари:

Македонија - Швајцарија - 26 септември од 20.45 часот
Словенија - Македонија - 29 септември 20.45 часот
Македонија - Шкотска - 3 октомври 20.45 часот
Швајцарија - Македонија - 6 октомври 20.45 часот
Шкотска - Македонија - 13 ноември 20.45 часот
Македонија - Словенија - 16 ноември 20.45 часот.