Пуштени во продажба уште 1.178 билети за финалето на СП - ќе чинат богатство!

Билетите за финалето на Светското првенство (СП) беа распродадени, но Светската фудбалска федерација (ФИФА) реши да пушти дополнителни 1.178 карти за натпреварот.

ФИФА ја изненади јавноста и да пушти во продажба дополнителни билети за натпреварот на 19 јули, па навивачите ќе треба да платат богатство за да влезат на стадионот.

Цената на еден билет изнесува 7.380 долари, што предизвика голем број реакции кај фановите.