Куртоа: Можев да бранам до крај, но селекторот реши да ме повлече од игра!

Белгија беше елиминирана од Шпанија (1-2) во четвртфиналето на Светското првенство (СП), а голманот Тибо Куртоа не го доигра натпреварот поради повреда.

Голманот на Белгија беше повлечен од игра поради повреда во 71. минута од натпреварот, а на теренот го замени Сене Ламенс, кој не се прослави на голот.

„Почувствував болка при исфрлање на топката. Му кажав на стручниот штаб дека имам болка, иако немав проблем да останам на голот. На крајот селекторот реши да ме повлече од игра. Не се лутам затоа што екипата е над сè“, кажа Куртоа по поразот.