Херојот на Шпанците го постигна победничкиот гол од - вториот контакт со топката
Херој на фуријата, како и во претходната рунда беше фудбалерот на Арсенал, Микел Мерино кој го постигна победничкиот гол во 88. минута. Само две минути претходно тој влезе во игра на местото на Дани Олмо, а голот за победа го даде од само вториот контакт со топката.
Уште поинтересно е тоа што Мерино на последните два натпревара на кои ги постигна победничките голови, на теренот помина вкупно девет минути, доби четири дуели, имаше два контакта во противничкиот шеснаесетник, упати два шута и од нив два пати ја затресе противничката мрежа, прво на Португалија, па вечерва на Белгија.