Голем проблем за Белгија: Куртоа се повреди и во солзи го напушти теренот
Голманот на Реал Мадрид се чини дека ги истегна препоните и остана да лежи на теренот. Откако му беше укажана лекарска помош, се чинеше дека се е в ред со него, но неколку минути подоцна, сепак, замина на клупата.
Додека го напушташе теренот, Куртоа се расплака, а на неговото место на голот застама чуварот на мрежата на Манчестер Јунајтед, Сене Ламенс.