Брзо стигна одговорот: Мрежата на Симон се затресе по 649 минути (ВИДЕО)

Шарл де Кетеларе е првиот фудбалер што ѝ даде гол на Шпанија на Светското првенство и тоа дури во шестиот натпревар на актуелниот европски шампион.

Напаѓачот на Аталанта го израмни резултатот во 41. минута од четвртфиналниот натпревар откако со глава го совлада Унаи Симон по центаршутот на Кастањ од десната страна. Де Кетеларе подобро се снајде во дуелот со Кубарси и го постигна својот трет гол на Мундијалот.

Освен тоа, тој му ја прекина серијата на шпанскиот голман кој дури 649 минути беше без примен гол на светските првенства, низа која почна пред четири години во Катар.