Прва шанса и гол: Фабијан Руиз ги „отвори“ Белгијците (ВИДЕО)
И потоа, фантастична акција на „фуријата“ и гол за водство со 1-0. Јамал испрати извонредна топка кон Поро, овој врати кон Олмо, фудбалерот на Барселона шутираше, но Куртоа го одбрани неговиот удар. Сепак, на топката натрча Фабијан Руиз кој ја смести во мрежата.
За Шпанија водството е апсолутно заслужено со оглед на тоа што го диктираше темпото и имаше над 65% посед на топката.