Алкараз падна на третото место, а не се знае кога ќе се врати на терените

Со пласманот во големото финале на Вимблдон, Александер Зверев стигна до 1.290 освоени бода на овој турнир и со тоа стигна до второто место на АТП листата.

Засега е многу далеку од првото место на кое се наоѓа Јаник Синер со 4.300 бода повеќе, но ако остане вака до УС Опен, би можел до финалето да ги избегне Италијанецот и Карлос Алкараз, ако тој конечно се врати на терените. Шпанскиот тенисер е надвор од АТП турот од мај годинава, ги пропушти „Ролан Гарос“ и Вимблдон, го откажа учеството во Монтреал и неизвесно е кога пак ќе заигра.

Од кампот на Алкараз нема никаква информација за евентуалното враќање на терените иако во јуни беше најавено дека е планирано да заигра на американската турнеја која стартува на почетокот на август.