Ѓоковиќ без шанси за триумф: Синер лесно се избори за финале на Вимблдон

Италијанскиот тенисер Јаник Синер славеше против Новак Ѓоковиќ со 3-0 во сетови, односно 6-4, 6-4 и 6-4 за пласман во финале на Вимблдон.

Двајцата тенисери успешно ги освојуваа гемовите на свој сервис сè до деветтиот гем, кога Синер ја искористи втората брејк-топка и потоа сервираше за  6-4.

Синер успеа да го скрши отпорот на Ѓоковиќ во седмиот гем од вториот сет (4-3), по што без проблеми ја зачува предноста за 6-4.

Ѓоковиќ се соочи со проблеми уште на стартот на третиот сет, кога Синер направи брејк и поведе со 1-0, а потоа продолжи да доминира на теренот. Србинот имаше една брејк-шанса во четвртиот гем, но не успеа да се врати во игра, па Италијанецот славеше со 6-4.

Синер во финале на Вимблдон ќе се бори против Александер Зверев, кој претходно славеше со 3-0 во сетови над Артур Фери.