Легендарен италијански голман стана херој во Милано - со скутер бркал крадец!
Толдо забележал како едно момче трча по друго лице на велосипед, по што го запрел и го прашал што се случува, а откако дознал дека станува збор за украден велосипед веднаш го запалил скутерот и тргнал по разбојникот.
„Веднаш сфатив што се случува. Момчето ми потврди дека му го украле велосипедот. Го запалив скутерот и интервенирав“, раскажува Толдо.
Велосипедот бил вратен на сопственикот, а храбриот потег на поранешниот голман предизвикал воодушевување кај минувачите.