Познато е колку ќе заработува Клоп како германски селектор!

Јирген Клоп ќе биде нов селектор на Германија, а договорот официјално треба да биде потпишан овој викенд по што ќе биде објавено.

Германските медиуми вадат детали од договорот на Клоп. Тој би требало да биде четиригодишен, ќе ја води репрезентацијата заклучно со Светското првенство 2030 година.

Неговата плата ќе биде поголема од онаа на Нагелсман, ќе заработува седум милиони евра годишно.

Речиси сигурно е дека дел од неговиот стручен штаб ќе бидат неговите долгогодишни помошници Питер Кравиц и Пепин Лајндерс.

Германската фудбалска репрезентација нема да плаќа отштета на Ред Бул, Клоп ќе продолжи да биде амбасадор на овој бренд.