ФИФА нема да го помилува Олисе - правдата е селективна!
Францускиот репрезентативец во судиското продолжение од мечот со Парагвај доби жолт картон.
Фудбалската федерација на Франција испрати жалба за жолтиот картон и се надеваше дека ќе му биде поништен. Но, добија негативен одговор од ФИФА.
Ова и не би било вест доколку претходно ФИФА немаше скандалозна одлука да му ја поништи суспензијата на американскиот напаѓач Балогун.
Очигледно сите репрезентации не се во ист кош, за некои правилата важат, а за некои не.
Олисе ќе мора да биде претпазлив во полуфиналето и да не добие нов жолт картон по кои би следувала суспензија.