Ѓоковиќ за споредбата со Аргентинецот: Лесно му е на Меси, игра само 90 минути!
Еден од присутните новинари го потсети дека и аргентинската фудбалска ѕвезда, иако има 39 години, продолжува да блеска на СП 2026, каде против Египет забележа гол и асистенција.
„Неверојатно е што Меси и на 39 години постигнува голови, а вие победувате по пет часа и 15 минути игра“, му рече новинарот.
Ѓоковиќ веднаш возврати во свој препознатлив стил.
„Лесно му е на Меси, би сакал и јас да играм само 90 минути како него, ама...“, одговори српскиот ас со насмевка, предизвикувајќи смеа кај сите присутни во салата.
Ѓоковиќ до полуфиналето стигна по голема борба во пет сета, иако во текот на натпреварот имаше проблеми со ногата. Во борбата за финалето ќе се сретне со актуелниот шампион Јаник Синер, а ќе се обиде да направи уште еден чекор кон рекордната 25. гренслем титула.
ФОТО: X / @tntsports