Меси руши рекорди од шега – сега е прв фудбалер со голови на шест меча по ред во нокаут фаза

Лионел Меси стана првиот играч во историјата кој постигнал гол во шест нокаут натпревари по ред на Светско првенство.

Аргентинската ѕвезда постигна гол во победата од 3-2 над Египет во осминафиналето на Мундијалот, а претходно погоди и против Зелеонортските Острови во мечот кој заврши со идентичен резултат. Серијата на 39-годишниот Аргентинец почна на Светското првенство во 2022 година, каде што постигна голови против Австралија, Холандија, Хрватска и Франција во финалето.

Меси има вкупно 125 гола за „гаучосите“ во 204 настапи. Рекордер за најмногу голови за една репрезентација е Кристијано Роналдо со 146 гола во 231 настап за Португалија.