Оливер Кан: ФИФА да го повтори финалето од 2002 година!

Скандалозната одлуката на ФИФА да го поништи црвениот картон на Фоларин Балогун предизвика револт и голем број реакции во фудбалскиот свет, а коментарите не стивнуваат ниту по елиминацијата на САД од Мундијалот.

Поради одлуката за Балогун реши да реагира и легендарниот германски голман Оливер Кан, кој се потсети на 2002 година кога Бразил стана светски шампион.

„Ајде да ја исправиме фудбалската историја. Имам еден предлог. Очекувам ФИФА да го избрише жолтиот каротн на Михаел Балак од полуфиналето на Мундијалот во 2002 година. Поради него не играше во финалето. Треба да се повтори финалето против Бразил од 2002 година“, кажа Кан.

Финалето кое се играше на 30 јуни 2002 година во Јапонија му припадна на Бразил, кој триумфира со 2-0 против Германија.