Белгијците со два збора ги уништија Трамп и Инфантино (ФОТО)

Репрезентацијата на Белгија обезбеди пласман во четвртфиналето од Светското првенство откако ноќеска беше подобра од САД со 4-1.

Веднаш по последниот свиреж на главниот судија, официјалните профили на белгиската репрезентација на социјалните мрежи објавија фотографија од Ромелу Лукаку како ги замолчува домашните навивачи по голот од 4-1. Над фотографијата имаше само два збора:

„Поништете го ова (Overturn this)“.

Тоа беше јасна порака за претседателот на ФИФА, Џани Инфантино и американскиот претседател Доналд Трамп откако пред мечот беше иззбришан црвениот картон на Фоларин Белогун и тој доби можност да игра во осминафиналниот натпревар. 

ФИФА го суспендира извршувањето на казната во пресрет на натпреварот, а одлуката предизвика бура од реакции, а бројни медиуми објавија дека американскиот претседател Доналд Трамп во меѓувреме разговарал со претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, и побарал преиспитување на суспензијата. Белгиската федерација потоа ја обвини ФИФА за недостаток на транспарентност и најави правна битка за начинот на кој е донесена одлуката.