Одложен натпреварот на Ѓоковиќ на Вимблдон
Србинот требаше да игра втор на Централниот терен денеска, но наместо тоа ќе игра трет. Како што беше претходно планирано, Пегула и Коф ќе бидат првите што ќе излезат на теренот, по што ќе следи продолжението на дуелот Зверев-Лехечка, кој синоќа беше прекинат со „полициски час“ при резултат 2-0 во сетови и 3-3 во третиот сет за Германецот.
Ова значи дека натпреварот Ѓоковиќ-Оже Алијасим ќе започне веднаш по нив, но не се знае точниот термин на стартот на дуелот.
Ситуацијата на теренот 1 е непроменета - Синер и Штруф ќе играат први од 14 часот, по што ќе следат Осака и Мухова.