Португалците останаа без селектор, ама брзо најдоа нов

И пред почетокот на Светското првенство, јасно беше дека Фудбалската федерација на Португалија нема да ја продолжи соработката со Роберто Мартинез, а таа одлука е потврдена по елиминацијата во осминафиналето.

Мартинез потврди го завршува својот мандат како селектор на националниот тим, кој го презеде во јануари 2023 година по заминувањето на Фернандо Сантос.

„Ова е крај на еден циклус. Важно е националниот тим да добие нов селектор и сосема е легитимно претседателот на Федерацијата да избере човек на кого му верува. Благодарен сум за целата поддршка што ја добив“, рече Мартинез.

Според португалските медиуми, претседателот на Фудбалската федерација, Педро Проенса веќе одлучил дека новиот селектор ќе биде Жорге Жезус. Се очекува искусниот 71-годишник да ја предводи Португалија во квалификациите за Европското првенство 2028, како и на Светското првенство 2030 на кое ќе Португалија ќе биде домаќин заедно со Португалија, Шпанија и Мароко.

Жезус е без ангажман откако го напушти Ал Наср на крајот од минатата сезона и се очекува да одржи последни разговори со федерацијата и да се договори за деталите од неговиот договор по враќањето на тимот во Португалија. Тој е еден од најуспешните португалски стручњаци во историјата, но првпат во кариерата ќе го води националниот тим.