Откриено зошто Силва му се налути на Родри со кој играше седум години (ВИДЕО)

Шпанија славеше против Португалија со 1-0 во осминафиналето на Светското првенство (СП), но мечот во завршницата го одбележа вербална караница меѓу двајца фудбалери кои до неодамна ја делеа соблекувалната во Манчестер сити.

Бернардо Силва и Родри имаа жестока пресметка во последните секунди од натпреварот, откако Португалецот промаши голема шанса за израмнување.

Британски „Сан“ објави и фотографии кои покажуваат како Родри се радува и му се смее на Силва по промашувањето, а тоа го налути Португалецот.