ФИФА ја одби жалбата: Балогун ќе игра против Белгија!

Фудбалската федерација на Белгија поднесе жалба на одлуката на ФИФА да ја укине суспензијата на американскиот напаѓач Фоларин Балогун, а експресно пристигна одговор од Светската фудбалска федерација.

Комисијата на ФИФА го отфрли барањето на Белгија да се врати казната на Балогун, па така напаѓачот ќе може да настапи за САД.

Натпреварот меѓу САД и Белгија е закажан за вечерва од 2 часот по полноќ.

Фото: U.S. Soccer