Белингем до фановите: Пишете им на шефовите дека нема да дојдете утре на работа!

Џуд Белингем игра фантастично Светско првенство, ноќеска постигна два гола во победата над Мексико од 3-2 и беше прогласен за играч на натпреварот.

Досега на Мундијалот тој има пет погодоци и трипати на пет натпревари беше прогласуван за најдобар на мечот.

По вчерашната победа Белингем имаше порака до англиските фанови.

„Напијте се уште една тура, пишете им на шефовите и кажете им дека утре нема да дојдете на работа“, им порача Белингем.