Анчелоти открива, Винисус не бил ниту во првите пет изведувачи на пенал во Бразил!
Една од клучните ситуации е нереализираниот пенал во првото полувреме кога Бруно Гимараеш шутираше лошо и не му донесе водство на Бразил.
Многумина сметаа дека Винисиус требаше да го изведе пеналот, но Анчелоти вели дека ѕвездата на Реал не бил ниту во петте изведувачи.
„Правевме некоја статистика и најдобар за пенали беше Рафиња. Од играчите кои ги имав на располагање, најдобар беше Нејмар, а потоа Игор Тиаго, потоа Бруно Гимараеш, потоа Мартинели“, открива Анчелоти.
„Од тие кои во тој момент беа на теренот, според нашите анализи, Бруно беше најдобар изведувач“.