Струга се засили со голгетер од Франција

Екипата на Струга попладнево го претстави своето ново засилување и тоа во нападот, Французинот Агамат Хамонд.

Хамонд е Французин кој има потекло од Гана, а низ кариерата досега беше дел само од клубови од пониските лиги во Франција.

Последната полусезона ја помина во Шареј од каде што доаѓа во Струга. За овој тим настапи на 17 натпревари во кои постигна шест гола и запиша една асистенција.

Во комплетната кариера 29-годишниот голгетер зад себе има 114 настапи, 51 гол и пет асистенции.