Падна договор: Јирген Клоп е нов селектор на Германија!

Германската фудбалска федерација и Јирген Клоп си подадоа рака, договор е постигнат, а наскоро ќе биде и официјално објавен.

Клоп му се враќа на фудбалот, тој доаѓа на местото на Нагелсман кој доби отказ по дебаклот на Светското првенство.

Поранешниот тренер на Ливерпул, ги прифатил условите на Германската фудбалска репрезентација, ќе добие долгорочен договор.

Наскоро се очекува Клоп да го раскине договорот со Ред Бул групацијата и да стави потпис на тој со Фудбалската федерација на Германија.