Еден од најдобрите судии ќе ја дели правдата меѓу Шпанија и Португалија

Шпанија и Португалија ќе се соочат во осминафинале на Светското првенство (СП), а како главен судија на натпреварот беше одреден еден од најдобрите во светот, Ентони Тејлор.

Тејлор ја доби одговорноста да ја дели правдата на големото дерби кое ќе биде во центар на внимание на турнирот.

Светската фудбалска федерација уште еднаш му ја додели довербата на англискиот судија, кој има богато искуство од европски и светски натпреварувања и треба да обезбеди фер и квалитетно судење.

Фото: Selección Española de Fútbol (SeFutbol)