Мбапе од пенал ја однесе Франција во четвртфинале на СП (ВИДЕО)

Фудбалерите на Франција во тешки услови за игра успеаја да слават против Парагвај со 1-0 и да се пласираат во четвртфинале на Светското првенство (СП).

Првото полувреме помина без голови и со неколку остри дуели на двете страни, откако Парагвај реши да постави „бункер“ пред својот гол.,

„Триколорите“ ја имаа контролата на топката, но без завршница сè до 67. минута кога беше досуден пенал кој потоа го реализира Килијан Мбапе за конечни 1-0.

Франција го контролираше ритамот на играта до крајот на натпреварот и не му дозволи на Парагвај посериозно да се закани кон голот.

Фото: Équipe de France de Football