Падна на дното, сакаше да се пензионира, а сега стана херој на Аргентина!

Еден од хероите во победата на Аргентина над Зеленортските острови на Мундијалот беше Лисандро Мартинез, кој во разговор со медиумите призна дека планирал да се пензионира поради здравствените проблеми.

Аргентинецот имал две тешки повреди, поради кои мораше да паузира долго време. Сепак, успеа да се рехабилитира и да се врати на терените.

„Кога ќе помислам на сè што се случуваше со повредите, ми доаѓа да плачам. Во некои моменти не знаев каде сум и што ме чека. Доколку мојата ќерка не се родеше во тој период, навистина не знам дали денес ќе играв фудбал. Размислував да се пензионирам минатата година кога доживеав тешка повреда на предните вкрстени лигаменти“, кажа Мартинез.

Фото: Facebook/Selección Argentina in English