Египет подобро шутира пенали од Австралија - победа за осминафинале! (ВИДЕО)
Историски резултат за Египет, првпат ќе играат во осминафинале на Светското првенство откако ја минаа Австралија.
Мечот беше отворен рано, во 13. минута Ашур даде гол за водство на Египет од 1-0. Со тој резултат и заврши првото полувреме.
По десет минути игра во вториот дел Хани си постигна автогол за израмнување на резултатот, 1-1.
До крајот на регуларните 90 минути немаше голови, па мечот отиде во продолженија. Но и во тие 30 минути не беше постигнат нов гол, па пеналите го решаваа победникот.
Сите изведувачи на Египет беа прецизни од белата точка, особено беше атрактивен погодокот на Салах кој погоди со паненка. Австралија промаши двапати, не реализираа Сутар и Херингтон.
Египет во осминафиналето ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Аргентина и Зеленортските острови.