ФИФА сака да го промени терминот за мечот меѓу Англија и Мексико!
Натпреварот оригинално е закажан за во два часот по полноќ во понеделник. Новиот термин би можел да биде шест часа порано, односно во недела во 20 часот.
Со промена на терминот би се избегнал ризик од невреме кое е најавено за во првичниот термин на мечот меѓу Англија и Мексико.
Ваквата можност засега е само на разгледување, уште нема донесено одлука.
Но, ако Англија и Мексико почнат од 20 часот во недела, веројатно Бразил и Норвешка ќе почнат од 23 часот, наместо од 22.