Милан му нуди своја ѕвезда на големиот трошаџија - Тотнем!

Англискиот клуб од Северен Лондон, Тотнем, ова лето досега потроши најмногу, а се чини дека нема тука да застане, сака да купи уште неколку фудбалери.

Тотнем за два дена потроши преку 200 милиони евра купувајќи ги Матеуш Фернандеш за 100 милиони и Тонали за околу 120 милиони.

„Газета дело Спорт“ пишува дека на Тотнем му е понуден Рафаел Леао. Милан е подготвен да се раздели со Португалецот, па бара купувач кој ќе може добро да плати.

Италијанскиот клуб дури е подготвен на договор за едногодишна позајмица со обврска за целосен откуп.