Дарко Додев ќе игра во Казахстан
Во изминатата сезона Додев беше еден од најважните фудбалери на Силекс со кој стигна и до освојување на Купот на Македонија. Сезоната во Првата лига ја заврши со пет гола и девет асистенции на 26 натпревари, додека во купот запиша четири настапи и додаде два гола и една асистенција.
Со добрите настапи се избори и за повик во репрезентацијата за пријателските натпревари со Босна и Херцеговина и Турција, против Турција доби шанса и за деби одигрувајќи 24 минути.
За него ова ќе биде второ интернационално искуство откако пред три години го носеше дресот на Влазанија. Во Македонија беше дел уште од Металург, Тиквеш, Шкупи и Брегалница.